Започнува мониторингот на медиумското известување за изборите
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и официјално го почна мониторингот на медиумското известување за предвремените избори. Програмата ќе ја следи тим од 20-ина луѓе, 24 часа. Радиодифузерите имаат пет дена да ги усвојат ценовниците за платеното рекламирање...

Стартува мониторингот на медиумското известување за предвремените парламентарни избори. Тим од 20 членови од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, 24 часа ќе ја следат програмата на националните телевизии и радија, но не и на интернет страниците. Отсега ќе се мониторира и известувањето во централните дневно информативни емисии и на сите информативни програми. Трајчевски ги повика медиумите да си ја вршат работата професионално.
Од денеска на интернет страницата на Агенцијата функционира посебен дел наменет за изборите. Меѓудругото, таму е објавен изборниот законик, но и извештаите за констатирани прекршувања. Агенцијата ги осуди и нападите врз медиумите.
Радиодифузерите до 19- ти овој месец треба да ги достават и ценовниците за платеното политичко рекламирање до четири институции, тие не смеат да се менуваат за време на изборниот процес.
Викторија Милевска
