„Скенер 2“: Заради корупција во Србија уапсени 49 лица
По две лица сеуште се трага , а против 27 се поднесени кривични пријави во редовна постапка -потвди на прес конфернцијата минстерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ.

Во повеќе градови во Србија во екот на предизборната кампања, денеска се одвиваше голема полициска акција наречена „Скенер 2“ во која се уапсени 49 лица осомничени за корупција и злоупотреба на службената положба во државните органи. По две лица сеуште се трага , а против 27 се поднесени кривични пријави во редовна постапка -потвди на прес конфернцијата минстерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ.
„Меѓу уапсените се наоѓаат раководители вработени во Министерството за финансии, во Даночната управа, во некогашното Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање, функционери на локалната самоуправа, јавни претпријатија, Патишта Србија, Електростропанство Србија, Пошта на Србија, Електросмет, како и 12 сообраќајни полицајци“, изјави Стефановиќ.
Сите овие лица од 2007-мата до денес направиле повеќе кривични дела и го оштетиле буџетот на Србија и Војводина, како и повеќе стопански субјекти и физички лица во износ од околу 7, 6 милиони евра- изјави Стефановиќ.
Полициските снимки од апсењата веке се емитуваат на сите тв станици и на веб порталите, но нови детали за лицата што се уапсени и за што конкретно се теретат -засега нема.
Според полицијата минатата година во Србија уапсени се 259 лица, од кои процесуирана е 21 криминална група. Годинава ова е трета по ред масовна полицијска акција во борбата против корупцијата каде се уапсени над 100 лица- но ниту еден случај досега не е процесуиран. Денешната акција е изведена во пресрет на изборите кои се закажани за 9 дена на 24 Април.
Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ
