Лара Гут славеничка во Кортина д’Ампецо

26.01.2014 17:31

Швајцарката Лара Гут триумфираше на петиот супервелеслалом во скијачкиот Светски куп...

Швајцарката Лара Гут триумфираше на петиот супервелеслалом во скијачкиот Светски куп што се возеше во италијанскиот зимски центар Кортина д’Ампецо.

Водечката во оваа дисциплина беше побрза 12 стотинки од Тина Вајратер од Лихтенштајн а 61 стоти дел од секундата подобро време имаше од третопласираната германка Марија Хефл – Риш, која ја сочува лидерската позиција во вкупниот поредок.

За Лара Гут ова е осма победа во Светскиот куп а петта супервелеслаломска. Последната проверка пред Олимписките игри во Сочи ( 7-23 февруари), алпинките ќе ја имаат на 1 и 2 февруари во Крањска Гора. 

 

1. Лара Гут 1:27,81

2. Тина Вајратер, 1:27,93

3. Марија Хефл-Риш 1:28,42

4. Верена Штуфер 1:28,49

5. Тина Мазе 1:28,53

6. Елизабет Гергл 1:28,63

7. Надија Фанчини 1:28,79

8. Ана Фенингер 1:29,00

9. Марија Маршан-Арвие 1:29,10

10. Никол Хосп 1:29,22

 

 

Генерален Пласман:

1.       Марија Хефл-Риш 1071

2.      Тина Вајраѕер            943

3.      Ана Фенингер            871

 

Супервелеслалом: 5 трки

1.      Лара Гут                   348

2.      Тина Вајратер          310

3.      Ана Фенингер          277