Бочек: Потребно е европско решение за бегалската криза
Потребна е европска соработка и изнаоѓање на европско решение, вели Томаш Бочек, специјалниот претставник за бегалците и мигрантите, назначен од генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, во почетокот на годинава.

Евидентно е дека ниту една земја не е способна сама да најде решение и да се справи со проблемот. Потребна е европска соработка и изнаоѓање на европско решение, вели Томаш Бочек, специјалниот претставник за бегалците и мигрантите, назначен од генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, во почетокот на годинава.
„Мислам дека пред се треба да ги почитуваме нашите обврски, преземни од сите земји членки на Советот, односно да се почитува европската конвенција за човекови права, односно да се гарантира дека овие лица кои се под јурисдикција на државата и на оваа конвенција да се почитуваат нивните права“, вели Бочек.
Целта на мисијата на Бочек е да се осигура операционалната врска меѓу државите членки кои се соочуват со овој предизвик и да се утврди како може Советот на Европа да им помогне на своите членки, но и да направи врска со другите меѓународни организации за да се подобрат соработката и размената на информации.
