Пролетна сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа
Кризата со бегалците и мигрантите во Европа ќе биде една од главните точки на дневниот ред на сесијата.

Претседателите на Австрија и на Европската комисија, Хајнц Фишер и Жан-Клод Јункер и премиерите на Грузија и на Турција се меѓу главните личности кои ќе се обратат на пролетната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа , во кое се претставени националните парламенти на 47-те земји членки на Советот на Европа.
Кризата со бегалците и мигрантите во Европа ќе биде една од главните точки на дневниот ред на сесијата.
Расправата според најавите ќе биде насочена кон одговорите што треба да ги даде Европа за бегалците од Сирија, потоа за човековите права на мигрантите во земјите од Западен Балкан, како и новите влогови и предизвици што ги носат принудните мигранти.
