Министерството за здравство со препораки поради невообичаено високите температури

18.04.2016 11:09

Да се носи летна облека, да не се изложува предолго на сонце и да се пијат повеќе течности. Препораките што Министерството за здравство ги дава вообичаено во летните месеци од годината, сега се актуелни, иако е април. Се очекува пораст на температурата и над 30 степени...

Високи априлски теператури, невообичаени за овој период од годината, слични на температурите во месец јули и август. Министерството за здравство со препораки до хронично болните и повозрасните. Сепак топлото време измами многу и во градскиот парк и во центарот на градот. Оние кои што не носеа вода со себе, добро им дојде разладувањето од градските чешми.

Нема зголемен број на повици во Брзата помош. За 24 часа се направени околу 80 до 100 интервенции. Очекувано е да има зголемен број на повици но состојбата е редовна. Хронично болните, алергииите, пациентите со висок притисок- се ризични категории.

Во наредните денови се препорачува да се носи соодветна лесна облека, да не се престојува предолго на директна сончева изложеност, а хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија.

 

Дијана Ценевска