Еквадор: 272 загинати по силниот земјотрес

18.04.2016 11:16

Во шест провинции во земјата е прогласена вонредна состојба.

Билансот на жртвите од силниот земјотрес во Еквадор достигна 272 лица, а 2.068 се повредени. Во шест провинции во земјата е прогласена вонредна состојба.

Еквадорскиот министер за правда Леди Сунига изјави дека околу 100 затвореници избегаа од затвор по земјотресот, од кои 30 биле уапсени во провинцијата Манаби, која беше една од најтешко погодените од потресот со интензитет од 7,8 степени.