Карабатиќ најдобар ракометар на ЕП во Данска
26.01.2014 17:39
Французинот Никола Карабатиќ е избран за најдобар...

Французинот Никола Карабатиќ е избран за најдобар играч на ЕП во Данска а во најдобрата седумка на шампионатот е и неговиот соиграч, десното крило Лук Абало.
Најдобар голман е Никлас Ландин од Данска, Домагој Дувњак е изборот за централната бековска позиција, заедно со левиот бек на данската селекција Михаел Хансен и леворакиот бек на Полска Кшиштоф Лијевски. Исланѓанецот Валур Сигурдсон е најдоброто лево крило, шпанецот Агинагалде нај пивот, додека швеѓанецот Тобијас Карлсон најистакнатиот дефанзивец.
