Деблокирана железничката пруга кај Идомени
18.04.2016 11:47
Грчката полиција побарала од мигрантите да ги отстранат шаторите кои ги имаа поставено на пругата во знак на протест против затворање на границите.

Железничката пруга кај идомени на грчко-македонската граница денеска е деблокирана, по 30 дена, јави МИА.
Грчката полиција побарала од мигрантите да ги отстранат шаторите кои ги имаа поставено на пругата во знак на протест против затворање на границите.
Полицијата соопшти дека операцијата била завршена без никакви тензии.
