Граѓаните желни за добра книга

18.04.2016 12:20

Денеска завршува Саемот на книгата, кој ги урива бројките на посетеност. Љубителите на пишаниот збор не штедат кога купуваат од омилениот автор или саканиот жанр. Охрабрува фактот што младите се најбројни посетители...

Штандовите полни, граѓаните желни за добра книга. И претпоследниот саемски ден мина со огромна посетеност. Се читаат и домашни и странски автори, особено драми, бестселери, романи, научна фантастика. Книга има за сечиј вкус и сечиј џеб, велат љубителите на пишаниот збор.

Издавачите задоволни од интересот на Саемот на книгата. Годинава се очекува да се заокружи на околу 40.000 посетители. Велат имаме понуда, но и побарувачка. Се радуваат што се почесто и младите освен фејсбук статуси читаат и книги.

На саемот се претставуваат издавачи од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Турција, Италија и Велика Британија. Во неделата посветена на книгата,  се одржуваат промоции на автори и нови изданија.

 

Викторија Милевска