Алпско скијање

Швајцарски ден во Светскиот куп

26.01.2014 17:42

На патеките во Кицбил и во Кортина ...

На патеките во Кицбил и во Кортина денеска најгласни се швајцарските звона. Се слават победничките трки во супервелеслалом за Светскиот куп.

Во Кицбил, ветеранот Дидие Дефаго потсети на најдобрите свои денови.На модифицираната патека во најпознатиот австриски скијачки центар, 36 годишниот Швајцарец ја извозе најдобрата своја трка. Патеката долга 1840 метри ја мина за 1:10.38 , ја извојува првата победа во сезоната, 6-та во кариерата во Светскиот куп.

Американецот Боди Милер направи нов позитивен исчекор во Кицбил. По вчерашното трето место во спуст, во СЏ имаше второ време по вредност со заостанување од само 5 стотинки. Третото место со ист резултат го поделија Австриецот Макс Франц и  Аксел Лунд Свиндал. По четири  супер Џ трки води Свиндал со 296 бодови.Норвежанецот со зголемена  предност е лидер и во генерален пласман со 897 бодови, пред Австриецот Хиршер со 735.

Лара Гут го комплетира швајцарскиот ден на италијанскиот дел од Алпите. Во Кортина го доби 5-от супер Џ за Светскиот куп, потврдувајќи  ја величествената сезона низ која минува. Ова  и беше 5-ти нејзин триумф , а  8-ми во кариерата. Резултатската неизвесност ја красеше и трката во Кортина. Само со 8 стотинки заостанување втор резултат по вредност  оствари Тина Вајратер од Лихтенштајн. Трета е Германката Марија Хефл-Риш со 61 стотинка зад победничкото време.Гут е прва во редоследот во супер Џ со 348 бодови, а Хефл-Риш води во генерален пласман со 1071 бод.