Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста
18.04.2016 13:16
ови цени од полноќ добиваат бензинот БС 95 кој поскапува за денар, а БС 98 за половина денар.

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на нафтените деривати. Нови цени од полноќ добиваат бензинот БС 95 кој поскапува за денар, а БС 98 за половина денар.
Дизелот и екстра лесното масло не ја менуваат цената, додека мазутот поскапува за 0,7 денари за килограм.
