Со концерт на Горан Трајковски стартува „МНТ Фест“
Утре почнува третото издание на меѓународниот театарски фестивал „МНТ Фест“ со лепеза од гостувачки претстави до крајот на месец јуни. Ќе се отвори со концерт на авторски песни- театарска музика на Горан Трајковски, насловена „На светов убавина“. Во среда ќе гостува претстава од Полска, во црквата Св. Богородица во Скопје- најавуваат од Македонскиот народен театар.

Со концерт на театарска музика на Горан Трајковски, насловена „На светов убавина“, се отвора третото издание на меѓународниот театарски фестивал „МНТ Фест“. Во среда ќе гостува претставата од Полска, „Лудус Пасионис“ која ќе се игра во црквата Св. Богородица во Скопје. Со специфичната театарска форма, таа е блиску до средновековните литургиски престави. Во неа настапуваат 30 учесници. Месец мај носи денови на италијанскиот театар.
Горан Трајкоски за музиката „На светов убавина“ вели дека е заеднички именител на сите песни - песна која ги обединува сите други. Буквален превод на една реплика на Хамлет. Има симболично значење за човековиот порив кон барањето убавина вон себеси, додека барајќи ја истата истовремено ја уништува од бога дадената убавина во себе.
Во рамките на театарскиот фестивал „МНТ Фест“ гостувачки престави ќе се играат сѐ до крајот на јуни.
Александра Перевска
