Демолирана канцеларијата на претседателот Иванов во Тетово

18.04.2016 14:56

Од СВР- Тетово информираат дека биле искршени изложните и стаклата на влезната врата, а биле фрлени и јајца во внатрешноста на канцеларијата.

Со керамиди и парчиња бетон утрово засега непознати лица ја демолирале Народната канцеларија на Претседателот на републиката, Ѓорге Иванов во Тетово.

Од СВР- Тетово информираат дека биле искршени изложните и стаклата на влезната врата, а биле фрлени и јајца во внатрешноста на канцеларијата.

Направен е увид  и се преземаат мерки за откривање на сторителите, соопштува  СВР- Тетово.