Се враќа изгледот на старата скопска чаршија
Во рамките на проектот за уредување на излозите и натписите на дуќаните во чаршијата, девет дуќани се целосно комплетирани. Министерството за економија за проектот издвои 2,6 милиони денари, а за годинава се предвидени дополнителни 6 милиони, додека комплетната реализација на овој проект ќе чини околу 30 милиони денари...

Унифицирани фасади, излози и натписи на дуќаните во скопската Стара чаршија. Почна остварувањето на проектот за враќање на нејзината автентичност. Неколку се целосно завршени. Занаетчиите се задоволни
„Излозите беа сосема стари, сега се целосно нови, многу добро изработени од дрво, задоволни сме.“
„Излозите беа скапани, не се затвораа добро. Се крадеше. Сегашниве се многу квалитетни со бебзбедносни брави“, велат занаетчиите.
При посетата на чаршијата министерот за економија Кучи изјави дека од правта фаза завршени се девет излози од 18, а до крајот на проектот ќе бидат комплетирани.
Унифицирани наспроти разнолични. Еснафот и експертите со спротивставени гледишта
Националниот комитет на ИКОМОС Македонија го одбележа Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите.
Фиљана Кока
