Комплетно реновирана Здравствената станица „Железара“

18.04.2016 15:14

Набавен е нов дигитален ренген апарат и нов биохемиски анализатор со кој двојно се зголеми бројот на испитувања што се прават во оваа здравствена установа.

Здравствената станица „Железара“ доби коплетно нов изглед. Освен што целосно е реновирана внатрешноста, амбулантата се поднови и со нова медицинска опрема.

Набавен е нов дигитален ренген апарат и нов биохемиски анализатор со кој двојно се зголеми бројот на испитувања што се прават во оваа здравствена установа.

Се зголеми и бројот на услугите, па така од 20.800 колку што имаше во 2014 оваа амбуланта минатата година ја заокружи со повеќе од 29.000 здравствени прегледи.