Температурните шокови ги наполнаа болниците
Невоовичаено топлото време за овој период од годинава зема данок. Се зголемува бројот на пациенти низ болниците кои бараат помош. Докторите велат дека се почесто, и младата популација страда од температурните промени...

Покачен крвен притисок, проблеми со дишењето, малаксаност- втор ден температурата во земјава го надминува 30-от степен. Граѓаните бараат лекарска помош. Невообичаеното топло време за овој период од годината влијае и врз промена во расположението кај луѓето.
„Тешко е, притисокот ми варира, морам да побарам лекарска помош.“
„Тешко е, астма имам лошо влијае... не можам да дишам.“
„Топло е, малаксаност чувствувам.“
„Ги пијам лековите, редовно ја земам терапијата“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.
Лекарите од Брзата помош велат од промената на времето се почесто страда помладата популација.
„Сѐ почесто имаме помлади пациенти, промените делуваат на многу помлада популација. Можеби брзиот начин на живот и стресот влијае да имаме многу помлади пациенти за разлика од претходните години“, изјави д-р Марија Анастасова- шеф на смена во Брза помош.
Лекарите советуваат, да се носи лесна облека, да не се престојува предолго на директна сончева изложеност, а хронично болните редовно да ја земаат пропишаната терапија.
Невообичаено топлото време за овој период од годината продолжува. Според најавите на УХМР температурата ќе го надмине 30-тиот степен. Поради наглото затоплување, лекарите со препорака за поголема внимателност кај повозрасните, но и кај помладите.
Андријана Атанасовска
