В петок во Виена: Нова средба за надминување на политичката криза

18.04.2016 16:47

Меѓународната заедница со нов обид за надминување на политичките несогласувања во земјава. Европската делегација, во името на тројката европарламентарци кои ја олеснуваа политичка криза, Кукан, Вајгл и Ховит, испратила покана до лидерите за средба со комесарот Хан. „Мораат да покажат волја да ја вратат земјата на евроатлантскиот пат“- велат од Брисел. Средбата треба да се одржи в петок во Виена...

Покана од европската делегација до лидерската четворка за нова средба за надминување на политичката криза. Закажана е за в петок во Виена. Во сооштението испратено до медиумите се вели:

„Европската делегација испрати писмена покана во име на тројцата европратеници за заедничка средба на комесарот Хан со лидерите на политичките партии на земјата што ќе се одржи во Виена, петок 22-ри април. Целта на состанокот е да се дискутира начинот за решавање на кризата и лидерите да продолжат со спроведувањето на договорот од Пржино и реформските приоритети. Комесарот Хан планира да оствари средби со лидерите. Тие треба да искажат подготвеност да ја вратат земјата повторно на евро-атланската патека.“

Поканата до Груевски, Заев, Ахмети и Тачи формално ја упатиле тројката евро-пратеници,  Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан. Освен европратениците и Хан, во Виена е можно да отпатуваат и амбасадорите на ЕУ и на САД во Македонија, Аиво Орав и Џес Бејли.

Еврокомесарот Хан за време на посетата на Вашингтон викендов најави ваква можност. Изрази загриженост за ситуацијата во земјава и упати апел до политичките лидери дека треба да се вратат на преговарачка маса.

Изборите се закажани за 5-ти јуни. Опозицијата предводена од СДСМ најави дека нема да учествува, порадои тоа што спортед нив, не се испоелнети сите услови за одржување на избори.

 

Игор Панов