Домагој Дувњак најдобар ракометар во светот
Хрватскиот ракометар Домагој Дувњак ...

Хрватскиот ракометар Домагој Дувњак е прогласен за најдобар на планетата за 2013-та година. Во изборот на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) Дувњак го доби големото признание во конкуренција на Филип Јиха, Микел Хансен, Даниел Нарсис и Арпад Штербик.
Дувњак кој е играч на актуелниот европски првак Хамбург, неодамна ја доби наградата за прв ракометар на светот во изборот на ракометниот портал Планет Хандбол а беше прогласен и за најдобар играч во германската Бундеслига.
Кај дамите почестите отидоа кај српската ракометарка Андреа Лекиќ, актуелната членка на македонскиот шампион Вардар.Лекиќ големото признание го доби во трката со Катарина Булатовиќ, Анита Горбич, Хајде Локе и Катарина Лунде-Харалдсон.
