„Фронтекс“: Благодарение на Македонија намален бројот на мигранти во ЕУ

19.04.2016 10:58

Во март 4.930 мигранти илегално ја поминале границата, што е за 10 проценти помалку во споредба со истиот месец во 2015-та година.

Благодарение на Македонија, споредено со предходните месеци за 90 проценти е намален бројот на илегални преминувања на надворешните граници на Европската Унија, во регионот на Западен Балкан, соопшти „Фронтекс“.

Во март 4.930 мигранти илегално ја поминале границата, што е за 10 проценти помалку во споредба со истиот месец во 2015-та година.

Благодарение на договорот на Унијата со Турција за ограничување на мигрантскиот проток и операцијата на НАТО во Егејското Море, значително е намален и бројот на мигрантите кои пристигнуваат на грчките острови.

Од „Фронтекс“ посочуваат дека се зголемува мигрантскиот проток по централно средоземноморската маршрута преку Италија.