Судири меѓу бегалците и полицијата во Идомени
19.04.2016 10:12
Железничката линија којашто ја поврзува Грција со централна Европа, а минува низ Македонија, е се уште затворена.

Судири меѓу бегалците и полицијата во Идомени откако 40-годишен мигрант од Сирија беше удрен со полициско возило во близина на границата со Македонија.
Бегалците почнале со камења да го удираат комбито во движење. Железничката линија којашто ја поврзува Грција со централна Европа, а минува низ Македонија, е се уште затворена.
За транспорт на производи кон евриопскиот пазар се користи пат преку Бугарија којшто е далеку побавен и поскап отколку рутата преку Македонија.
