Самоубиствен напад во Кабул, најмалку седум жртви
19.04.2016 11:24
Mногу од повредените се во критична состојба, па можно е конечниот биланс на жртвите да биде поголем.

Најмалку седум лица загинаа, а 327 се повредени денеска во самоубиствен напад извршен во центарот на Кабул, соопшти авганистанското Министертсво за здравство. Нападот е извршен со автомобил-бомба во близина на седиштето на Националната управа за безбедност, Министерството за одбрана и Амбасадата на САД.
Министретсвото соопштува дека многу од повредените се во критична состојба, па можно е конечниот биланс на жртвите да биде поголем.
Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците, кои неодамна објавија дека ја почнуваат традиционалната пролетна офанзива. Денешниот напад е првиот напад во Кабул од почетокот на офанзивата.
