Во организација на „Протестирам“- протести во Скопје, Куманово, Струмица, Штип, Битола
Главните барања на протестот се оставка од претседателот Иванов, почнување процес за избор на експертска влада, суспензија на закажаните предвремени парламентарни избори.

Нови протести во организација на граѓанската иницијатива „Протестирам“. Во Скопје, протестот почна во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство, како поддршка за оваа институција. Продолжи пред Собранието, низ плоштадот, до Министерството за култура, како носител на проектот „Скопје 2014-та“, до пред владата. Дел од демонстрантите, фрлија прашок во фонтата на плоштадот и боја врз Министерството за култура.
Главните барања на протестот се оставка од претседателот Иванов, почнување процес за избор на експертска влада, суспензија на закажаните предвремени парламентарни избори.
Протести од оваа иницијатива имаше и во неколку други градови: Куманово, Струмица, Штип, Битола, каде што се протестираше и пред домот на градоначалникот Талески.
