ГДОМ протестираше во Битола, Штип и Велес

19.04.2016 10:40

Од Граѓанското движење велат дека се револтирани од деструктивното однесување на опозицијата.

Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) протестираше во Битола, Штип и во Велес. Се противат на одлуката на претседателот за помилување на лидерот на СДСМ Зоран Заев, и на Зоран Верушевски.

Од Граѓанското движење велат дека се револтирани од деструктивното однесување на опозицијата. Сметаат дека предвремените избори претставуваат излез од политичката криза. Ги повикаа граѓаните на обединување.