Утре караванот „Купи куќа за млади“ во Дебар и Берово

19.04.2016 12:26

Сите заинтересирани граѓани на презентациите ќе можат да се информираат за проектите од претставниците на Министерството за финансии, банките и Катастар.

Утре во рамки на караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржи презентација во 17 часот во општината во Дебар, и во бизнис инкубаторот во Берово.

Сите заинтересирани граѓани на презентациите ќе можат да се информираат за проектите од претставниците на Министерството за финансии, банките и Катастар.

Во двете општини од страна на општинските власти ќе биде презентирана и локалната понуда на државни плацеви.