СЕЕ- Линк

Тргувањето на регионалната берза примамливо за инвеститорите

19.04.2016 13:00

Веќе се реализирани и неколку трансакции на македонски државјани кои купиле акции во хрватски и бугарски фирми.

Тргувањето преку регионалната платформа СЕЕ- Линк станува се поинтересно за инвестотрите. Се нудат акции на 127 македонски, 151 хрватска и 109 бугарски компании.

Веќе се реализирани и неколку трансакции на македонски државјани кои купиле акции во хрватски и бугарски фирми. Неофицијално станува збор за помали количини акции во Хрватскиот Телеком, производителот на телекомуникациска опрема Ериксон-  Никола Тесла и во една бугарска компанија.

Договори за тргување преку СЕЕ- Линк имаат склучено 6 домашни  брокерски друштва и 4 брокерски одделенија на банките.

И досега странски инвеститори можеа да купуваат македонски акции, а сега за првпат преку платформата и домашните инвеститори ќе можат да купуваат капитал во хрватски и во бугарски компании, а наскоро се очекува и приклучување во проектот и на Белградската и на Љубљанската берза.