Објектот на Министерството за култура е културно наследство
„Ваквиот одраз на примитивизам, немањето основно чувство за сопствената култура и држава, и почит кон културно историските споменици, мора да биде предмет на осуда од сите граѓани кои Република Македонија ја чувствуваат за своја татковина“, се вели во писмената реакција.

Министерството за култура го осудува, како што се вели во соопштението, вандалскиот чин на оштетување на фасада на објектот, изграден во 1927-та година, културно наследство заштитено со закон.
Од ресорот велат дека е оштетена скулптурата на македонскиот уметник Сашо Саздовски, поставена на влезот на министерството.
„Ваквиот одраз на примитивизам, немањето основно чувство за сопствената култура и држава, и почит кон културно историските споменици, мора да биде предмет на осуда од сите граѓани кои Република Македонија ја чувствуваат за своја татковина“, се вели во писмената реакција.
Министерството за култура бара од МВР да се пронајдат сторителите, и најавуваат дека ќе поднесат кривични пријави против нив. Очекуваат канцеларијата на ЕУ во земјава објективно да го осуди насилството врз спомениците на културата и културното налседство, и да опстои на своите принципи за промоција на мир, демократија, право на човеково достоинство.
