„Диво насеље“: Се разгледува обвинителниот акт против групата која се товари за логистика на терористите
19.04.2016 13:24
Сите обвинети рекоа дека не се виновни. Обвинителот, пак тврди дека располага со докази од кои се гледа дека обезбедувале пари, сместување и оружје...

Судскиот совет на Кривичниот суд го разгледува обвинителниот акт против групата која се товари за логистика на терористите кои во ланскиот инцидент во кумановската „Дива населба“ усмртија осум припадници на македонската полиција.
Сите обвинети рекоа дека не се виновни. Обвинителот, пак тврди дека располага со докази од кои се гледа дека обезбедувале пари, сместување и оружје, а освен тоа на терористите им помогнале нелегално да влезат од Косово во Македонија.
