„Протестирам“ продолжува со протести во осум градови
Веќе втора недела протестира, по одлуката на претседателот Иванов за колективна аболиција на 56 лица.

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ со проширени барања, најави продолжување на протестите во осум градови низ државава. Веќе втора недела протестира, по одлуката на претседателот Иванов за колективна аболиција на 56 лица.
Вчера во Скопје, протестот го почнаа пред Специјалното јавно обвинителство, како поддршка за оваа институција. Продолжи пред собранието, до пред владата.
Дел од демонстрантите, фрлија прашок во фонтаната на плоштадот и боја врз Министерството за култура.
Главните барања на протестот се оставка од претседателот Иванов, почнување процес за избор на експертска влада, суспензија на закажаните предвремени парламентарни избори.
