Над 400 загинати во земјотресот во Евкадор

19.04.2016 12:10

Во најзагрозените провинции властите прогласија вонредна состојба.

Расте бројот на загината во земјотресот во Еквадор. Спасувачките екипи во Еквадор извлекоа тројца преживеани од под урнатините на трговски центар во Манта, речиси два дена по земјотресот во кој беа повредени над 2.000 луѓе.

Во најзагрозените провинции властите прогласија вонредна состојба.

Според градоначалникот на Педерналес, еден од најпогодените градови во земјата, под урнатините има уште стотици загинати.