Русеф не сака да се повлече од функцијата

19.04.2016 13:43

Доколку Сенатот го прифати овој предлог, Русеф ќе биде суспендирана за време на судењето против неа.

Претседателката на Бразил Дилма Русеф изјави дека нема да се повлече од функцијата, иако Долниот дом на парламентот гласаше за нејзино отстранување од должноста.

Доколку Сенатот го прифати овој предлог, Русеф ќе биде суспендирана за време на судењето против неа. Обвинета е поради користење на пари од државната банка за санирање на државниот буџет.

Русеф тврди дека го следела примерот на претходните претседатели на Бразил.