Судири меѓу бегалците и полицијата во Идеомени, пругата повторно блокирана
Железничката линија што ја поврзува Грција со Централна Европа, а минува низ Македонија, е се уште затворена.

Судири меѓу бегалците и полицијата во Идомени, откако 40-годишен мигрант од Сирија беше удрен со полициско возило во близина до границата со Македонија.
Бегалците почнале со камења да го удираат комбито во движење. Железничката линија што ја поврзува Грција со Централна Европа, а минува низ Македонија, е се уште затворена.
Во меѓувреме, Европската Комисија издвои уште 110 милиони евра од тримилионскиот договор со Турција за помош на бегалците, кои од Грција биле вратени во оваа земја. Договорот ЕУ- Турција е во вредност од 3 милијарди евра.
Истовремено, и Грција доби 700 милиони евра за итно хуманитарно финансирање, средства кои владата ќе ги искористи заедно со хуманитарни организации за обезбедување на засолништа, храна и медицински, образовни услуги за бегалците.
