Осуда од Музејот на македонска борба за оштетувањата на Порта Македонија

19.04.2016 14:30

НУ Музеј на македонската борба – Скопје најостро ги осудува нападите и оштетувањата извршени изминативе денови врз објектот Порта Македонија, кој, меѓу другото, е споменик заштитен со закон.

Музејот на македонската борба - Скопје денеска преку соопштение ги осуди оштетувањата извршени изминативе денови врз објектот Порта Македонија.

НУ Музеј на македонската борба – Скопје најостро ги осудува нападите и оштетувањата извршени изминативе денови врз објектот Порта Македонија, кој, меѓу другото, е споменик заштитен со закон. Со овие напади не само што се прави материјална штета на објектот, туку се гази и врз значењето на споменикот Порта Македонија како симбол на обединување на сите генерации и симбол на победата на македонската реалност, мирот и на многувековната борба за слобода и осамостојување, се наведува во реакцијата на Музејот на македонската борба.