Алпско скијање

Пантуро прв во супер комбинација

26.01.2014 20:14

Завршницата од скијачкиот викенд ...

Завршницата од скијачкиот викенд во Кицбил мина во знак на Французинот Алексис Пантуро. По слаломската трка со вкупно време од 2:02.79 Пантуро  победи во втората и последна супер комбинација во сезоната. Специјалистот за слалом ја искористи шансата, оставајќи ги зад себе Американецот Тед Лигети и Австриецот Марсел Хиршер. Ова е втора победа на Пантуро во тековната сезона, шеста во кариерата. Со по 180 бодови Пантуро и Лигети го поделија првото место во супер комбинација, дисциплина за која се доделуваат бодови  за Светскиот куп, но не и кристалниот  глобус. Денешен губитник во оваа дисциплина беше Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал, кој не ја врши слаломската трка, но и натаму води во генерален пласман со 897 бодови пред Хиршер со 795 и Пантуро со 669.