Јункер: Не ми се допаѓаат настаните кои се случуваат на границата меѓу Македонија и Грција
Парламентарното собрание на Советот на Европа, зад затворена врата и без присуство на македонските парламентарци ќе расправа за ситуацијата во државава. Не ми се допаѓаат настаните што се случуваат на границата меѓу Македонија и Грција, вели Јункер...

Советот на Европа, денес стана конкретно она што е – Европска престолнина, во која за неколку часа пред Парламентарното собрание на Советот на Европа се појавија премиерот на Турција, Ахмет Давотоглу, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кои притоа имаа и меѓусебни средби на кои главната тема е ситуацијата со бегалците и мигрантите.
На прашањето упатено од вашиот известувач до претседателот на Европската комисија за ситуацијата со бегалците на границата меѓу Македонија и Грција, кои упорно остануваат таму и чекаат да заминат за Европа, Жан-Клод Јункер крато одговори:
„Не ми се допаѓаат настаните кои се случуваат на границата“.
Претходно пред ПССЕ, Јункер нагласи дека „Европската Комисија направи сѐ што е во нејзина моќ за да им помогне на бегалците. Договорот склучен меѓу ЕУ и Турција претставува еден дел од решението. Принципот на не- враќање ќе биде почитуван.
Тој притоа најави дека ќе биде деблокирана додатна помош за да се задоволат итните потреби на бегалците од Сирија.
Ситуацијата со човековите права со бегалците и мигрантите утре ќе биде една од главните точки во дебатата, на која ќе земе учество и претседателот на Австрија, Хеинц Фишер.
Во однос на политичлката криза во Македонија, во која очигледно Европската комисија, преку комесарот Јоханес Хан се ангажира отворено во нејизното разрешување, Жан-Клод Јункер изјави дека не е доволно запознат со ситуацијата за да ја коментира, ова во присуство на претседателот на ПССЕ, Педро Аграмунт.
„Не сум доволно запознат за проблемите во ПЈРМ за да ги коментирам“ – рече Жан-Клод Јункер.
За ситуацијата во Македонија ќе се расправа и зад затворени врати од страна на Комисијата на ПССЕ за следење на обврските на земјите членки на Советот на Европа, во рамките на пост- монитроинг дијалогот, но во остсутво на македонските парламентарци кои не присутвуваат на пролетната сесија.
Тони Гламчевски, дописник од Стразбур за МРТ
