Околу 2.000 осуденици бараат намалување на казните
Околу 2.000 затвореници бараат помилување од претседателот Иванов со намалување на казните. Адвокатите Давидовиќ и Јанковиќ се нивни полномошници. До нив списоци со вакви барања доставиле затворениците од Идризово и од штипскиот затвор. Најавија дека во текот на денот ќе ги процесуираат до претседателскиот кабинет...

Околу 2.000 затвореници бараат претседателот Иванов да им ги намали казните за 30 до 50 проценти. Осудениците на доживотен затвор пак, бараат намалување на 15 до 20 години, велат нивните ополномоштени адвокати Давидовиќ и Јанковиќ.
До нив затворениците од машките и женските оддели од Идризово и од затворот во Штип ги испратиле барањата и списоците за помилување. Како што информираа адвокатите, тие очекуваат потписи и од затворениците од другите затвори. Барањето ќе го достават до претседателскиот кабинет.
Според Давидовиќ, не постоело опасност криминалците да ги преплават улиците. Тој смета дека децата на затворениците не се ништо помалку важни и вредни од децата на политичарите.
Според информациите со кои располагаат адвокатите, во македонските затвори во моментов има 3.152 осуденика, кои имаат забелешки и на условите во казнено-поправните установи.
Наташа Гркова- Петрушевска
