Сообраќајот без забрани, пренасочување кај Војшанци
20.04.2016 08:25
Единствено на регионалниот пат Р-2137 пред населеното место Војшанци поради деформации на мостот, сообраќајот се пренасочува преку мост на реката Вардар.

Сообраќајот на патиштата низ држвата се одвива без забрани по суви коловози.
Единствено на регионалниот пат Р-2137 пред населеното место Војшанци поради деформации на мостот, сообраќајот се пренасочува преку мост на реката Вардар.
Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќај е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
