ДИК: 7,5 милиони евра буџет за изборни активности
20.04.2016 10:20
Најголем дел од парите, односно 40 милиони денари, ќе бидат наменети за печатење ливчиња, обрасци, записници и упатства.

Седум и пол милиони евра е буџетот со кој ДИК ќе ги реализира изборните активности. Членовите на Комисијата го усвоија финансискиот план за распределба на средства за предвремените парламентарни избори.
Најголем дел од парите, односно 40 милиони денари, ќе бидат наменети за печатење ливчиња, обрасци, записници и упатства. Според Силвана Бонева, иако работата на комисијата е при крај, ДИК се соочува со опструкции.
Членовите на ДИК предложени од СДСМ, не присуствуваа на седницата.
