Билансот на загинатите во земјотресот во Еквадор се зголеми на 507 лица
Покрај многубројните човечки жртви и материјалната штета, потресот ја прекина и работата на еден од најстарите весници во јужна америка „Дијарио“ поради преки на снабдувањето со електрична енергија.

Над петстоини луѓе загинаа во земјотресот во Еквадор. Покрај многубројните човечки жртви и материјалната штета, потресот ја прекина и работата на еден од најстарите весници во јужна америка „Дијарио“ поради преки на снабдувањето со електрична енергија.
Потресот се случи неколку дена по големите земјотреси во Јапонија. Иако и двете земји се дел од таканаречениот „огнен прстен“ на Пацификиот, Аамериканскиот геофизички институт смета дека несреќите не се поврзани поради големото растојание меѓу државите.
САД најавија дека ќе пратат експертски тим за помош на Еквадор.
