Франција најави нов метод за борба против тероризмот
20.04.2016 12:03
Отсега полицијата и војската нема да мора да ги делат надлежностите во случај на опасност врз населени места.

Франција најави нов метод за борба против тероризмот со којшто ќе се реагира најмногу 20 минути пред секој иден напад. Отсега полицијата и војската нема да мора да ги делат надлежностите во случај на опасност врз населени места.
Методот е заснован врз искуството од ланските исламистички напади во Париз во кој загинаа 90 лица и за кои доцнела наредбата за полициска интервенција дури два часа откако бил отворен огнот.
