Премер и бесплатни елаборати за објекти на 5.000 граѓани и компании

20.04.2016 12:40

Оваа мерка ги изедначува сите граѓани кои посеудваат стара градежно техничка документација пред Уставот и законот.

Агенцијата за катастар на недвижности по службена должност ќе врши премер на објектите за физичките и правните лица што поседуваат техничка документација, а не извадиле имотен лист. Проценките се дека ќе бидат опфатени околу 5 илјади граѓани и фирми, а ќе се заштедат околу половина милион евра.

Оваа мерка ги изедначува сите граѓани кои посеудваат стара градежно техничка документација пред Уставот и законот. Ја користам оваа прилика граѓаните и компаниите што поскоро да се обратат до шалтерите на Катастарот, да поднесат барање и да ја достават докуметацијата, по што Катастарот ќе излезе на лице место, ќе изврши премер на објектот и ќе направи бесплатен геодетски елаборат, а граѓанинот ќе може да го запише објектот во Катастарот и да добие имотен лист, изјави директорот  на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.

Законските измени се изготвени по укажувањата од граѓаните на отворените денови на Катастарот и средбите со нив при посетите на терен од владините функционери. Во постапката  за систематско запишување на правата на сопственост која заврши во 2012 година имотен лист добија над 600 илајди објекти и четири милиони парцели.