Обама ја почна посетата на Саудиска Арабија
И покрај несогласувањата, САД и Саудиска Арабија продолжуваат со заедничката борба против Исламска држава.

И покрај влошените односи со заливските земји, претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама ја почна посетата на Саудиска Арабија. Една од причините за влошување на односите меѓу Вашингтон и Ријад е поддршката на САД за тргнување на санкциите кон Иран, како и документот со кој им се овозможува на американски граѓани да ја судат Саудиска Арабија за нападите од 11-ти септември. Според Обама, овој документ е меч со две острици.
„Ако почнат американси граѓани да тужат влади на други држави, тогаш и граѓани од други држави ќе можат да не тужат нас“, рече Обама.
И покрај несогласувањата, САД и Саудиска Арабија продолжуваат со заедничката борба против Исламска држава.
Американскиот претседател Обама и на европска турнеја. Ќе ги посети Германија и Обединетото Кралство. При посетата на Обама на Велика Британија ќе биде забрането летање дронови.
