Субвенциите ќе се пријавуваат електронски
20.04.2016 13:33
Новиот начин на работа на Платежната агенција ќе го олесни аплицирањето.

Субвенциите ќе можат да се пријавуваат електронски. Новиот начин на работа на Платежната агенција ќе го олесни аплицирањето.
На земјоделците сѐ уште на располагање за поднесување на документите им се и подрачните единици на Министерството за земјоделство и советниците на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој.
Пријавувањето ќе трае до 30-ти јуни годинава.
