Фишер: Границата меѓу Македонија и Грција да остане затворена
Не смее да се дозволи повторно воспоставување на Балканската рута, смета претседателот на Австрија, Хајнц Фишер...

Претседателот на Австрија, Хајнц Фишер смета дека границата меѓу Македонија и Грција мора да остане затворена и дека не смее да се дозволи повторно воспоставување на Балканската рута.
„Затоа, донесовме заедничка одлука да ги намалиме можностите на овој пат што резултираше со намалување на бројот на бегалците за да можат Словенија, Хрватска и другите земји да се справат. И проблемот во Грција, што постои, како што постои на грчко- македонската граница, е трагичен, ние не сме слепи, го гледаме, мора да се реши преку европски активности. ЕУ се обидува да го реши, ги знаете мерките. Не ја заборавам хумана тимензија, но од друга страна да бидеме искрени, да им биде овозможено да одат каде што сакаат и по кој пат да одат, тоа воопшто не е можно“, изјави Фишер.
Околу 10.000 мигранти се уште кампуваат на границата блиску до граничниот премин кај Гевгелија.
