Објавен тендер за три електрични локомотиви, инвестиција од 7 милиони евра
Тендерската постапка трае до 2 јуни годинава, а министерот за транспорт и врски, Мисајловски очекува годинава да биде склучен договорот, а до јуни следната година локомотивите да бидат испорачани во Македонија.

Возниот парк на Македонски железници треба да се поднови со уште три електрични локомотиви. Тендерот за набавката вредна 7 милиони евра е веќе објавен.
Тендерската постапка трае до 2 јуни годинава, а министерот за транспорт и врски, Мисајловски очекува годинава да биде склучен договорот, а до јуни следната година локомотивите да бидат испорачани во Македонија. Според Мисајловски, политиките на Министерството за транспорт резултираат со развој на железницата.
Претходно набавивме шет нови патнички возови, исто така вработените во Железницата во континуитет земаат редовна плата, обезбедивме работа и за велешка Колска, што значи дека со политиките што Министерството за транспорт и врски ги презема во делот на железницата постигнуваме добри резултати за развој на железничкиот сектор во Република Македонија, изјави Мисајловски.
Сепак, транспорните власти велат дека штрајковите во Грција ни предизвикуваат загуби.
