ССК: Компаниите сами да произведуваат струја од обновливи извори

20.04.2016 15:11

Ѓорѓи Манасков од Групацијата за енергетика при ССК на посочи дека инвестирањето во сопствен капацитет од ОИЕ е клучен фактор за помали трошоци за компаниите и унапредување на животната средина во земјава.

Компаниите сами да се снабдуваат со струја, за да си ги намалат трошоците. Од Сојузот на стопански комори препорачуваат, фирмите да инвестираат во сопствени капацитети за производство, од обновливи извори.

Ѓорѓи Манасков од Групацијата за енергетика при ССК на посочи дека инвестирањето во сопствен капацитет од ОИЕ е клучен фактор за помали трошоци за компаниите и унапредување на животната средина во земјава.

Сопственикот капацитет за производство на електрична енергија може да биде по принципот „он грид“, односно поврзување со дистрибутивната мрежа на ЕВН и продажба на вишокот на елелктрична енергија и купување кога нема доволно, или, пак, по принципот „оф грид“, односно користење само на сопствена мрежа и чување на вишокот на струја во специјални батерии, рече Мнасков, нагласувајќи дека со измените на Законот за градба од февруари годинава многу е поедоставена постапката за добивање дозвола за градба на сопствени енергетски објекти од ОИЕ.