Се снима новиот долгометражен филм „Ах, љубов моја“
На неколку локации во Скопје, се снима долгометражниот игран филм „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски. Екипата е составена од домашни актери, со поддршка од Агенцијата за филм...

Комична љубовна приказна со многу заплети и брканици. Станува збор за позната пејачка чиј живот тргнува наопаку по средбата со поранешниот љубовник. По три децении Коле Ангеловски режира филм. Вели дека одамна кај нас не се снимил филм од жанрот комедија.
„Ах, љубов моја“ се снима на атрактивни локации во Скопје. Филмската екипа вели дека е задоволство да се работи со Ангеловски.
Филмот се снима со поддршка од Агенцијата за филм. До 2015 година Агенцијата има поддржано 72 долгометражни филмски проекти.
Александар Микиќ, Нина Деан, Атанас Атанасовски, Марија Кондовска, се дел од 14 члената актерска екипа. Филмот треба да биде готов во септември, а режисерот го планира за фестивалот „Браќа Манаки“.
Александра Перевска
