Дисциплинска постапка за гевгелиските доктори кои се сликале за време на интервенција
Директорот на гевгелиската болница, во писмено соопштение вели дека сите лекари што се на фотографијата ќе бидат дадени на дисциплинска постапка. Според него, една од лекарките на фотографијата е вработена на скопските клиники, затоа ќе биде изготвен и доставен извештај до клиниката за ТОАРИЛУЦ.

Нов скандал во гевгелиската болница. Додека пациент е под дејство на анестезија и со отворен стомак лекари кои ја извршувале операцијата се фотографирале и ја прикачиле на социјалните мрежи.
Директорот на гевгелиската болница, во писмено соопштение вели дека сите лекари што се на фотографијата ќе бидат дадени на дисциплинска постапка. Според него, една од лекарките на фотографијата е вработена на скопските клиники, затоа ќе биде изготвен и доставен извештај до клиниката за ТОАРИЛУЦ.
Гевгелиската болница, пишува во соопштението, се оградува од индивидуалните постапки на поединци кои го нарушуваат угледот на установата.
Во октомври минатата година во оваа болница почина родилка и нејзиното бебето, поради лекрска грешка на двајца анестезиолози кои за време на операција во родилната сала биле пијани.
