Истражување за идентитетите на студентската популација
Личниот идентитет поизразен кај македонците, етничкиот и верскиот, кај албанците – анализа на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Целта била да се направи приказ за идентитетската определба на студиската популација во услови на актуелните општествени и политички случувања...

Личниот идентитет е важен дел од личноста кај младите луѓе, а особено е изразен кај студентската популација. Анализите на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања покажале дека кај Македонците личниот идентитет е изразен, додека кај младите Албанци освен личниот, силно е изразен и верскиот и етничкиот.
Религијата кај студентската популација варира во однос на етничката припадност, местото на живење и пол. 88,4 проценти од испитаниците Албанци се изјасниле како вистински верници, а 0,4 не обрнуваат внимание на религијата, додека македонските 44,2 проценти се изјасниле како вистински верници, ист процент кажале дека религијата ја почитуваат бидејќи е дел од културната и семејната традиција.
Истражувањето „Идентитетите на студенстката популација во Македонија“ е спроведено на седум универзитети, а целта била да се направи приказ на идентитетската определба на студиската популација во услови на актуелните општествени и политички случувања.
Наташа Јанчиќ
