Нова рунда разговори
Хан утре во куќата на ЕУ во Виена ќе ги пречека политичките лидери
21.04.2016 10:23
Меѓународната заедница соопшти дека на маса ќе биде спроведувањето на обврските од Пржинскиот договор и дека не е планирато да се разговара за нов договор.

Еврокомесарот Јоханес Хан утре во Виена треба да ги пречека лидерите на политичките партии на нова рунда разговори за решавање на политичката криза, заедно со тројката европратеници- Кукан, Вајгл и Ховит.
Средбата е планирано да се одржи во куќата на Европската Унија во центарот на Виена. Меѓународната заедница соопшти дека на маса ќе биде спроведувањето на обврските од Пржинскиот договор и дека не е планирато да се разговара за нов договор.
